Загубениот рај / Џон Милтон

Издавач: Макавеј | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Paradise lost / John Milton | Бр. на страни: 322 | Димензии: А5 / 21 cm | Корица: мека

Превод, препев од англиски јазик [и] поговор Драги Михајловски. „Загубениот рај“ е трагично дело со елементи на јуначки еп, единствено по своите уметнички вредности не само во англиската туку и во светската книжевност. […] „Загубениот рај“ е трагедија несовршено прилагодена за епска форма. Но, токму епската актуализација ја ,,валка“ трагедијата и го подјадува нејзиното инаку par excellence трагично јадро, па трагичниот исход е потиснат од креативната моќ и триумфот на Месијата и пророштвата за враќањето во рајот. Следствено, како еп, „Загубениот рај“ претставува цел еден свет, но свет што може да се гледа и како трагичен и како јуначки. […] Основниот извор е „Библијата“, а како модели послужиле „Илијадата“ и „Одисејата“ на Хомер, „Енеидата“ на Вергилиј и „Самовилската кралица“ на Спенсер. По однос на јазикот и стилот тоа е посебно и неспоредливо со кое било друго дело во англиската книжевност. Пишувано е во бланкверс со многу отстапки што ја чинат посебноста на неговата прозодија. По преводот на Теодосиј Скопски ова е првото издание на современ македонски јазик.

Цена: 441 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Макавеј

Report an abuse for product Загубениот рај / Џон Милтон

Категорија:
ИСБН: 978-608-205-170-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Загубениот рај / Џон Милтон”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in