Загубениот рај / Џон Милтон
Author:
Џон Милтон
Publisher:
Макавеј |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Paradise lost / John Milton |
Num. of pages:
322 |
Dimensions:
А5 / 21 cm
|
Cover:
мека
Превод, препев од англиски јазик [и] поговор Драги Михајловски. „Загубениот рај“ е трагично дело со елементи на јуначки еп, единствено по своите уметнички вредности не само во англиската туку и во светската книжевност. […] „Загубениот рај“ е трагедија несовршено прилагодена за епска форма. Но, токму епската актуализација ја ,,валка“ трагедијата и го подјадува нејзиното инаку par excellence трагично јадро, па трагичниот исход е потиснат од креативната моќ и триумфот на Месијата и пророштвата за враќањето во рајот. Следствено, како еп, „Загубениот рај“ претставува цел еден свет, но свет што може да се гледа и како трагичен и како јуначки. […] Основниот извор е „Библијата“, а како модели послужиле „Илијадата“ и „Одисејата“ на Хомер, „Енеидата“ на Вергилиј и „Самовилската кралица“ на Спенсер. По однос на јазикот и стилот тоа е посебно и неспоредливо со кое било друго дело во англиската книжевност. Пишувано е во бланкверс со многу отстапки што ја чинат посебноста на неговата прозодија. По преводот на Теодосиј Скопски ова е првото издание на современ македонски јазик.
Reviews
There are no reviews yet.