Зајко е богат
Дејството на „Зајко е богат“ е сместено во 1979 година. Хари „Зајко“ Ангстром веќе не трча, сега оди и чувствува како многу често снемува здив.
„Сепак тоа и не е така лошо“, се теши тој, убедувајќи се себеси дека на тој начин ќе има повеќе време да ужива во богатството кое доаѓа заедно со неговата средовечност.
Неговиот живот е во совршен ред, тој е главен застапник и косопственик на „Спрингер моторс“, носи скапи одела, а неговата банкарска сметка секојдневно расте.
Од друга страна тука е и неговата жена која времето го поминува главно на две локации, или дома или во клубот, работејќи на својата форма.
Но ако сè е во совршен ред тогаш зошто му е толку тешко да прифати како нештата излегле на крајот?
И зошто, кога ќе го погледне неговото семејство, постојано чувствува некакво неописливо каење за сите тие животи кои нема да ги проживее?
Reviews
There are no reviews yet.