Записите на Малте Лауридс Бриге
Автор:
Рајнер Марија Рилке
Издавач:
Конгресен Сервисен Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
173 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
/
/Записите на Малте Лауридс Бриге се прозно остварување оформено во вид на бележник, при што со самиот наслов на делото, авторот го насочува читателот да очекува фрагментарност и отсуство на континуитет во раскажувањето. Поинаку определено, романот претставува несистематичен дневник на младиот дански поет Малте Лауридс Бриге, кој престојува во Париз и ги прибележува своите впечатоци, чувства, согледби и размислувања за одредени појави, настани, актуелни состојби и суштински, егзистенцијални и метафизички прашања, надополнети со реминисценции на претходни лични искуства.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.