Завршете со позитивна нула
Author:
Бил Перкинс
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Die with zero : getting all you can from your money and your life |
Num. of pages:
207 |
Dimensions:
145/205
|
Cover:
тврда
Замислете си како би било, пред да го напуштите светов, само да правите сé што некој друг ви кажал. Сте работеле напорно, сте штеделе и со нетрпение сте ја очекувале финансиската слобода што доаѓа со пензионирањето. Единственото нешто што сте го потрошиле по пат бил..вашиот живот. Завршете со позитивна нула претставува една изненадувачки нова и провокативна филозофија, како и практичен водич за тоа како да го извлечете максимумот од вашите пари - и од вашиот живот. Наменета е за оние што сакаат да доживеат незаборавни искуства многу пред, едноставно, само да заработуваат и да акумулираат пари за таканаречените Златни години. Бил Перкинс сака да ве спаси од прекумерно штедење и од тоа само преживувањето да му го преземе местото на живеењето. Без оглед на вашата возраст, Завршете со позитивна нула ќе ви покаже, чекор по чекор, како да си го оптимизирате животот така за да уживате во она за што работите и штедите.
Reviews
There are no reviews yet.