Збогување со есента

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Pożegnanie jesieni | Бр. на страни: 373 | Димензии: 200х140 | Корица: мека

Култен и контроверзен роман на Виткјевич, еден од најпознатите романи во полската литература во 20 век.

„Јас не се спуштам во опишување на делови од животот, туку се трудам (можеби безуспешно) да создадам еден вид интелектуален роман, и тоа филозофски. Таков роман би сакал да читам, а таков нема, затоа го пишувам, а не за пари и признание, бидејќи ниту едното ниту другото и така никогаш нема да ги имам“, пишува С. И. Виткјевич во предговорот.

„Мојот роман е ужасен. Еден огромен поглед отстрана кон целото човештво, зад грбот на Бога... Однапред го отфрлам обвинувањето дека овој роман е порнографски.“

„Збогување со есента“ го пренесува читателот на другата страна од искривеното огледало на талентот на Виткјевич. Во тоа огледало ѕиркал цртајќи ги своите слики, а пишувајќи го романот видел точно како изгледа во него пошироката глетка на реалноста која го опкружува.Во романот се раскажува за созревањето и пропаста на младиот декадент Атанази Базакбал. Неговите постапки и сите експерименти (со дрогата, сексот, психата) доведуваат до самоубиство на неговата жена Зосја, а тој самиот запаѓа во целосна зависност од Хела Бетрс...

Романот е обемен, комплексен и богат со лексички изразни средства.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 400 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Збогување со есента

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-050-2

Questions and Answers

You are not logged in