Збрка поезија

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Збрка поезија | Бр. на страни: 108 | Димензии: 140/200 | Корица: тврда

Краток опис

Добрин Коцев е поет на мигот: тој е поклоник на минималистичкиот поетски пристап. Неговите поетски „минијатури“ со афористична молскавичност и игрива искричавост настојуваат со малку да искажат доволно.
Владимир Мартиновски

Лизгајќи се по збирката како во тобоган на аква-парк за 18+, читателот налетува на слапови од надреални хаикуа, болни афоризми, натуралистички микрораскази, хармсовски лудории, зен-приказни надувани во модерни хелиумски балони, дигиарт концептуала, контрапоетски драпаници и што уште не.
Жарко Кујунџиски

Храбро, провокативно, пишувано од јазот меѓу две комфор-зони. Со темперамент кој прави и тоа што би било клише како изолирана целина (песна) да се гледа ко храброст да се измисли топла вода кога е делче од целината (збирката).
Тања Аждаја

Песните на Добрин Коцев се како прасиња-еднорози кои си играат во смрдливата кал на личните митологии и кои вечерва, ако не е премногу доцна, ќе бидат заклани, одрани, испечени и послужени како предјадење на мамурната сенка, која заборавила каде си го паркирала својот човек.
Владимир Лукаш

Цена: 200 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Збрка поезија

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-151-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Збрка поезија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in