Зен приказни

Издавач: Магор | Јазик: македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Zen Stories | Бр. на страни: 184 | Димензии: 135x200 | Корица: мека

Eден од најзначајните современи проучувачи на зенот, Д. Т. Сузуки, вели: „Вистината за зенот, или барем една трошка од вистината, е во тоа што здодевниот живот, животот на едноличното секојдневие што не нè вдахновува, го претвора во живот-уметност, исполнет со вистинска внатрешна креативност“. Овие клучни елементи длабоко се вгнездени во зен приказните. Преку мошне луцидните, необични, продлабочени, навидум едноставни приказни, елегантно се посочува на клучните доблести што се практикуваат и треба да се стекнат: бескомпромисна решителност, истрајност, скромност, едноставност, милосрдие, сосредоточеност и посветеност, самодоверба, храброст, остроумност, самоконтролата... Сложените корени на зенот досегаат до индискиот будизам, но во него се чувствуваат влијанијата на таоизмот и конфучијанството, како и на јапонскиот сензибилитет, кој го има вткаено зенот во огромен број уметности, вештини и сегменти на живеењето – чајната церемонија, хаику-поезијата, но-театарот, боречките вештини, икебаната, пејзажната архитектура. Зен приказните истовремено може да се читаат и како „екстракти на мудроста на зенот“ и како одлична литература. Во овие префинети и стилски избрусени текстови нема ниеден непотребен збор: читателот се воведува во заплетот на приказната со една реченица, а и за расплетот на зен раскажувачите им е доволна една реченица, понекогаш и еден збор. Сепак, тоа е доволно на кристално јасен начин да се опфати смислата што на современиот човек изгубен во хаосот на секојдневниот метеж може да му биде исклучително корисна.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Зен приказни

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-295-9

Questions and Answers

You are not logged in