Жената на скалите
Author:
Бернхард Шлинк
Publisher:
ИЛИ-ИЛИ |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Die Frau auf der Treppe |
Num. of pages:
249 |
Dimensions:
20
|
Cover:
/
Бернхард Шлинк (1944г. Билефелд, Германија) е правник, професор и еден од најзначајните писатели од поновата германска литература. Тој ја започнува својата писателска кариера со крими-романи, за кои добива повеќе награди. Во еден од неформалната крими трилогија, Гордиевата врвка, можат да уживаат и македонските читатели. За својот прв роман со некриминална тематика, Читачот, кој е преведен на повеќе од 50 јазици, Шлинк ги добива наградите Hans-Fallada-Preis, италијанската награда за литература Grinzane Cavour, како и наградата на Франција за преводна литература Prix Laure Bataillon. Како круна на успехот, романот стигнува до првото место на листата на најпродавани книги на Њујорк Тајмс. ИЛИ-ИЛИ ги издаде и прозните остварувања на Шлинк кои следеа: романите Враќање дома и Викенд, како и збирките раскази Бегства од љубовта и Летни лаги. Долгоочекуваниот најнов роман Жената на скалите повеќе недели се наоѓаше на првото место на најпродавани книги на списанието Шпигел.
Reviews
There are no reviews yet.