Живот без име
Автор:
Владимир Стојсављевиќ
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Život bez imena |
Бр. на страни:
327 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Немам јас кого да повикам за сведок, освен тебе и твоите притаени желби. Нема ни кому да му се исповедам. Се немам ни себе освен мојата утроба, која што после сè ја остави само со едно дете. Намерно. Така направи и знај дека не те осудувам, ниту те жалам. Не чувствувам ниту љубомора заради твојата неограничена слава. Ја прифатив најпосле само таа бескрајна љу- бов за тебе. Не, не како покор или товар, туку токму како самата љубов која дише, живее и гледа наместо мене вака стара и грда. Таа љубов која гледа наместо мене, гледа подлабоко отколку што ѝ е дозволено, бидејќи нејзиниот поглед продира и на другата страна од тој твој за луѓето невидлив свет во којшто си сега. Не ја одредив јас силата и моќта на љубовта, туку други го одредија тоа, заборавајќи дека тоа може да се заврти и против нив, колку и да се во положба на господари. Сега веќе нема да пишувам за љубовта бидејќи сè што ќе запишам ќе биде самата таа љубов. Ама и ти го знаеш тоа…
Оценки
Сѐ уште нема оценки.