Зима со мирис на капини

Автор: Сара Џио
Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 310 | Димензии: 21 | Корица: мека

 

Сиетл, 1933

Самохраната мајка Вера Реј го бакнува своето тригодишно синче, Даниел, и оставајќи го дома сам затоа што нема никаков друг избор, со тешко срце заминува на работа во локален хотел каде што работи како собарка. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела.

Сиетл, 2010

Новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…

Авторката ја посветува книгата на секоја мајка што има изгубено дете, па самото тоа зборува за емоциите кои се вткаени во приказната.

 
Рангирано 5.00 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(4 оценки на корисници)

Цена: 400 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Зима со мирис на капини

Категорија:
ИСБН: 978-608-4672-88-3

4 оценки за Зима со мирис на капини

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    biskovski18@gmail.com

    Прекрасна приказна – микс од ‘Тајната сопруга’ и ‘Девојката што пишуваше на свила’. Брзо читлива и емотивна сага, едноставно едвај чекате да ја разрешите мистеријата и да дојдете до крајот. Ја препорачувам од срце 🙂

  3. Rated 5 out of 5

    Стефан

    На книгата и пристапив несериозно, колку да се убие досада, но после 20 прочитани страници едноставно не можев да се одделам од неа. Кога ја прочитав бев изненаден од самиот себе и во себе си реков, ” Не е можно толку да ме заведе книгава”, но ете се е возможно. Супер книга, морам да напоменам дека не е за оние со меко срце :).

  4. Rated 5 out of 5

    pece911

    Комплетно се сложувам напишаното од Стефан. Едноставно штом ќе започниш со читање не постои шанса да ја оставиш книгата. Прекрасна книга, интересна приказна.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in