Златното лале

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: The golden tulip | Бр. на страни: 741 | Димензии: 20 cm | Корица: мека

Ова е приказна за три сестри и нивната борба да успеат во животот, предизвикана не само од општеството но и од желбата за подобар живот. Секоја на свој начин се бори да успее, но дали ќе успеат во тоа? Сместен во Холандија во 17 век романот нѝ ја раскажува приказната за трите ќерки на Хендрик Висер. Тој е уметник кој сликал во Амстердам, ја обожава својата сопруга Ана, и своите ќерки. Но иако е добар уметник сепак не заработува многу, парите како да му се лизгаат низ рацете. Ана иако на моменти е разочарана од однесувањето на Хендрик, сепак го сака и успева да го одржи семејството. Франческа и Алета го имаат талентот на Хендрик, додека најмалата ќерка, Сибила, е весело девојче кое сонува за удобен живот, сè додека не си "улови" богат сопруг. Смртта на Ана ненадејно ќе ги погоди. Таа починува рагајќи го четвртото дете. Оттогаш несреќите само ќе се надоврзуваат, a Херндрик ќе се сврти кон коцкањето и пиењето. Талентот на Франческа не останува незабележан. Од кога ќе ја види сликата на Франческа, која самата се насликала како божицата Флора, богатиот трговец од Амстердам, Лудолф ван Девентер, ќе се понуди да му помага на семејството Висер, вклучувајќи ја и обуката на Франческа кај Јан Вермер. Таа се соочува со разделбата од Питер ван Дорн, одгледувач на лалиња, но се надева дека еден ден таа и Питер повторно ќе бидат заедно. Како што минува времето ќе бидеме сведоци на созревањето на трите девојки и начинот на кој секоја од нив ќе се справи со животот. За судбината на другите две девојки сами ќе треба да откриете зошто овој роман не смеете да го пропуштите. Тој го претставува највозбудливиот период на холандската историја, како и времето по "лалињата", кога од само едно семе се заработувало многу. Неверојатна приказна во која ќе уживате се до последната страница!!!
Рангирано 5 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 690 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Златното лале

Категорија:
ИСБН: 978-608-10-0055-9

2 оценки за Златното лале

  1. Rated 5 out of 5

    Иво Митрушев (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    mimoza ilijoska (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in