Змиско око

Publisher: Алманах | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: Engereğin Gözü | Num. of pages: 165 | Dimensions: 21х13 | Cover: мека

Романот „Змиско око“ е алегорично дело во кое авторот преку односот роб-господар ја прикажува волшебната моќ на власта која „може да го заслепи и змиското око способно само со еден свој поглед да го скамени секое живо суштество“. Делото е психолошко-историски роман и еден вид исповед на главниот евнух − господарот на султановиот Харем. Принцот кој со години се држи затворен во својата ќелија во сарајот Топкапи, во еден неочекуван миг е донесен на престол и одеднаш станува апсолутен сопственик на власта. Харемскиот ага − евнухот Сулејман, донесен од Етиопија во Сарајот, станува најверен султанов слуга. Покрај својата импотентност, тој е единствениот господар на султановиот Харем. Со повторното затворање на принцот од страна на неговата мајка, поради нејзините планови во врска со власта, односите на дворот запаѓаат во многу комплексна состојба. „Змиско око“ беше објавен во Турција во 1996 г. и доживеа 87 изданија. Во 1997 г. ја доби Балканската награда за литература, по што следеа преводите на шпански, грчки, шведски, германски, корејски и на други светски јазици. Зулфи Ливанели е реномиран турски писател, композитор, музичар, сценарист и политичар, автор на повеќе романи кои се преведени на 40 светски јазици. Добитник е на повеќе од 30 национални и меѓународни награди. Негови најпознати дела се романите „Немир“ („Huzursuzluk“), „Хотел Константинија“ („Konstantiniyye Oteli“), „Приказната на брат ми“ („Kardeşimin Hikayesi“), „Рај на просечно интелигентните“ („Orta Zekalılar Cenneti“), „Последниот остров“ („Son Ada“), „Среќа“ („Mutluluk“), „Куќата на Лејла“ („Leyla’nın Evi“) и „Една мачка, еден човек, една смрт“ („Bir Kedi, Bir Adam, Bir Ölüm“).

Price: 400 ден

2 in stock

Compare
Sold By Алманах

Report an abuse for product Змиско око

Category:
SKU: 978-608-4794-28-8

Questions and Answers

You are not logged in