Зора зад аголот

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: Зора зад аголот | Num. of pages: 172 | Dimensions: 21 см | Cover: /

„За разлика од некои, што се родени со среќа па фрлени на буниште, јас сум роден на буниште и фрлен на среќа. Буништето е меана, а среќата град...“ Вака ја почнува својата приказна безимениот наратор со презиме Колиштрк, кој од безбедната позиција на балконот, каде што се чувствува „ни на небо ни на земја“, низ самоделски перископ од огледалца, го набљудува животот на намерниците во меаната на неговиот татко – „Зора“.

Преку симболот на перископот, овој роман – што е парадигматичен за модернистичките тенденции во современата македонска книжевност – автореферира на писателскиот занает. Тоа се потврдува и со последната реплика во романот: „...нема ништо поубаво од убивање на времето; макар и со ѕиркање во туѓи животи, додека не си го имаш својот“.

Помеѓу почетната и крајната точка, пак, се простира современа хроника за градот Скопје од втората половина на 20 век, метонимиски претопена во историјата на славната „Зора“ зад аголот, која е и симболичкиот архив на предземјотресно Скопје.

Price: 290 ден

20 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Зора зад аголот

Category:
SKU: 978-608-267-181-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Зора зад аголот”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in