View cart “Strah : odabrane pripovetke” has been added to your cart.
View cart “Opake igre” has been added to your cart.
View cart “Nisam kriva” has been added to your cart.

Ѕвездата на Давид

Publisher: Алманах | Language: Македонски | Year: 2016
Original title: Davidova Zvijezda | Num. of pages: 254 | Dimensions: 21x14 | Cover: мека

„Ѕвездата на Давид“ е најпознатoто дело на црногорскиот писател Зувдија Хоџиќ, кој дел од критиката го означи како најзначајно романескно четиво на јужнословенските простори во последните неколку децении. Овој роман е постмодернистичка приказна во која главниот лик Давид Шахан, разделен на две личности, ги анализира сликите и настаните од своето детство  и од историјата. Во раскажувањето наизменично се мешаат стварноста, митот и фантазијата, а обединувачка точка на дејствијата се ѕвездите „кои најдобро светат над Проклетие“ и се симболизирани во таинствениот печат на Соломон – Ѕвездата на Давид. Ова е роман за граничните подрачја во сите времиња, чии крајни точки се малото црногорско место Гусиње и Багдад и приказна за суровите закони на границата и опасностите што демнат во нејзината близина...  ... – Да, страшно е, исчезнуваат луѓе, им се губи трагата, а никој не смее ништо да праша. Страдаат и семејствата на одведените, ги селат, ги оставаат без ништо, ги притискаат да се одречат од најблиските и најмилите. Удираат каде што најмногу боли. Секој нешто исчекува и секој се плаши. Денот некако и поминува, но ноќта како да нема крај. Ноќната тишина, како удирање на врата ја потресуваат тешки чекори на луѓе во кожни капути, од чие ехо се буди сѐ живо. И сѐ молчи. Ниту кучињата да залаат ниту да заплаче дете привиено до треперливото тело на некој од постарите. Се ежат и престрашуваат и овошките и дрвјата, и добитокот и животните... 

Price: 340 ден

3 in stock

Compare
Sold By Алманах

Report an abuse for product Ѕвездата на Давид

Category:
SKU: 978-608-4794-11-0

Questions and Answers

You are not logged in