Ѕвездата на Давид
Автор:
Зувдија Хоџиќ
Издавач:
Алманах |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Davidova Zvijezda |
Бр. на страни:
254 |
Димензии:
21x14
|
Корица:
мека
„Ѕвездата на Давид“ е најпознатoто дело на црногорскиот писател Зувдија Хоџиќ, кој дел од критиката го означи како најзначајно романескно четиво на јужнословенските простори во последните неколку децении. Овој роман е постмодернистичка приказна во која главниот лик Давид Шахан, разделен на две личности, ги анализира сликите и настаните од своето детство и од историјата. Во раскажувањето наизменично се мешаат стварноста, митот и фантазијата, а обединувачка точка на дејствијата се ѕвездите „кои најдобро светат над Проклетие“ и се симболизирани во таинствениот печат на Соломон – Ѕвездата на Давид. Ова е роман за граничните подрачја во сите времиња, чии крајни точки се малото црногорско место Гусиње и Багдад и приказна за суровите закони на границата и опасностите што демнат во нејзината близина... ... – Да, страшно е, исчезнуваат луѓе, им се губи трагата, а никој не смее ништо да праша. Страдаат и семејствата на одведените, ги селат, ги оставаат без ништо, ги притискаат да се одречат од најблиските и најмилите. Удираат каде што најмногу боли. Секој нешто исчекува и секој се плаши. Денот некако и поминува, но ноќта како да нема крај. Ноќната тишина, како удирање на врата ја потресуваат тешки чекори на луѓе во кожни капути, од чие ехо се буди сѐ живо. И сѐ молчи. Ниту кучињата да залаат ниту да заплаче дете привиено до треперливото тело на некој од постарите. Се ежат и престрашуваат и овошките и дрвјата, и добитокот и животните...
Questions and Answers
You are not logged in