ХАРБИНСКИ МОЛЦИ

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 460 | Димензии: 21х13 | Корица: мека

По Октомвриската револуција, 1917 година, Борис Ребров на само 17 години, станува емигрант во Белото движење. При заминувањето од Русија за Естонија, трагично ги губи своите најблиски. Обидувајќи се да преживее, почнува да работи како фотограф и сликар, а повремено пишува и статии во кои го доловува животот на руската емиграција во Естонија во периодот од 1920 до 1940 година.
 Градот Ревељ, како што тогаш се нарекувал Талин, е град каде што руските  грофови стануваат таксисти, офицерите крадат и се пропиваат, дамите се претвораат во курви и куќни помошнички. Некои се принудени да „црнчат“ во фабрики или канцеларии, некои имаат добра заработка од шверцот и производството на лош алкохол (чпирт) и кокаин, додека некои ја трошат последната енергија борејќи се против болшевизмот, надевајќи се дека ќе ги спаси фашизмот на Мусолини и Хитлер.
А тука е и долгата рака на НКВД, ЧК, ГПУ, КГБ, како што се нарекува тајната полиција на СССР која своите пипци ги пушта не само во Естонија, туку и во Франција, Германија, Англија, Финска, Шведска и другите држави во кои има руска емиграција. Оттука романот е преполн и со притисоци, предавства, кодошења, убиства...
Тој е уникатно литерарно сведоштво за трагедијата на руската политичка и воена емиграција меѓу двете светски војни.

Цена: 500 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product ХАРБИНСКИ МОЛЦИ

Категорија:
ИСБН: 9786082530130

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “ХАРБИНСКИ МОЛЦИ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in