На работ од времето
Возбудливиот прв дел од научнофантастичната трилогија „Наследството на Вероника“ ве воведува во Новиот Почеток, совршениот свет од иднината, во кој не постојат неизлечиви болести, сиромаштија, криминал, војна... или барем навидум е така.
Животот на Вероника е мошне едноставен. Таа се буди, појадува, чита книги, руча, повторно чита, вечера и легнува да спие. Нејзините родители поголемиот дел од денот се на работа, а бидејќи нејзиното постоење е тајна и таа не смее да излезе од дома, ги гледа само за време на појадокот и на вечерата. Оваа рутина трае сè додека еден ден тие нема да се вратат од работа. Токму тогаш и започнува нејзината најголема авантура.
Таа ќе мора да го напушти домот што долго време ѝ бил безбеден „затвор“, а потоа и градот, за да ја заштити својата тајна. Надвор, во старите градови, за кои била учена дека веќе не се населени, таа запознава група луѓе што ќе ѝ го срушат сето знаење за животот на човештвото. Вероника ја запознава другата, темна страна на новиот свет, доживувајќи непредвидливи авантури и соочувајќи се со сето она што сè до нејзината деветнаесетта година било криено од неа.
Сепак, ова патување не е безнадежно и Вероника открива дека поседува чудни моќи што од ден на ден сè повеќе учи да ги контролира. Таа конечно почнува да разбира зошто живеела скриена од целиот свет, но и дека нејзиното постоење е уште поголема мистерија..
Questions and Answers
You are not logged in