Понекогаш лажам
Автор:
Алиса Фини
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Sometimes I lie |
Бр. на страни:
297 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
„Се викам Амбер Рејнолдс. Има три работи што треба да ги знаете за мене: 1. Во кома сум. 2. Маж ми не ме сака веќе. 3. Понекогаш лажам.“ Амбер Рејнолдс се буди во болница. Не може да се движи. Не може да зборува. Не може да ги отвори очите. Ги слуша сите околу неа, но тие не се свесни дека ги слуша. Амбер е во кома. Не се сеќава како дошло до тоа, но се сомнева дека маж ѝ е некако поврзан со „несреќата“. Преплашена и заробена во сопственото тело, се обидува да ги состави спомените од минатата недела, но и од пред 20 години, преку дневници од детството. Со сопруг што не ја сака веќе, сестра што крие опасна тајна и бивши дечко што не сака да крене раце од неа, Амбер знае дека некој лаже и нејзиниот живот сè уште е во опасност. Но може ли да се принуди себеси да се разбуди пред да стане предоцна?
1 оценка за Понекогаш лажам
Questions and Answers
You are not logged in
biskovski18@gmail.com –
Солиден трилер, има далеку подобри трилери – но сепак, има доста интересни и непредвидливи пресврти, а и ликовите се добро портретирани 🙂