Шагринска кожа
Автор:
Оноре Де Балзак
Издавач:
КСЦ/Полица |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
La peau de chagrin |
Бр. на страни:
308 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Шагринска кожа е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фантастичното, и тоа му дава посебен белег. Самиот негов прозен дискурс во овој роман е флуиден, фразата и дескрипциите се сензуално обоени до максимум, езотеричноста на темата суптилно се прелева на нивото на јазикот и изразот. Деликатната игра на сетилата, несоницата и сонот стануваат доминантни во восприемањето на светот од страна на ликовите во овој роман. Вивисекцијата на општеството овде се врши на поинаков начин – низ играта на мистичното и реалното што се испреплетуваат на специфичен начин. Романот Шагринска кожа е особено актуелен, читлив и провокативен. За тоа придонесува вештото проткајување меѓу реалното, мистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите. Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични фрази посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да сакаш“, „да можеш“ и „да знаеш“.
Questions and Answers
You are not logged in