Шагринска кожа

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: La peau de chagrin | Бр. на страни: 308 | Димензии: 20 | Корица: мека

Шагринска кожа е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фантастичното, и тоа му дава посебен белег. Самиот негов прозен дискурс во овој роман е флуиден, фразата и дескрипциите се сензуално обоени до максимум, езотеричноста на темата суптилно се прелева на нивото на јазикот и изразот. Деликатната игра на сетилата, несоницата и сонот стануваат доминантни во восприемањето на светот од страна на ликовите во овој роман. Вивисекцијата на општеството овде се врши на поинаков начин – низ играта на мистичното и реалното што се испреплетуваат на специфичен начин. Романот Шагринска кожа е особено актуелен, читлив и провокативен. За тоа придонесува вештото проткајување меѓу реалното, мистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите. Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични фрази посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да сакаш“, „да можеш“ и „да знаеш“.

Цена: 350 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Шагринска кожа

Категории: , ,
ИСБН: ISBN 978-608-4850-07-6

Questions and Answers

You are not logged in