Вампирџија
Автор:
Владимир Плавевски
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Вампирџија |
Бр. на страни:
208 |
Димензии:
145х205
|
Корица:
мека
Вампирџијата Теофил, ловец на вампири, талка низ македонските села и ги уништува свампирените мртовци. Заедно со неговиот ученик Фидан, освен со вампирите, влегуваат во борба и со турската власт, со комитите, како и со платените ловци на комити. Прокобата на вампирџискиот занает ја искусува и Фидан, кој не знае дали Теофил е божји ангел или слуга на ѓаволот. Авторот ја развива тезата за талкањето на душата по смртта како казна за грешните души. Вампирџијата Теофил е метафора на животниот промискуитет, а младиот Фидан е метонимија на животна доблест, која верува во оправданоста на животот. Со хорор-елементи и ироничен хумор, авторот на романот ни го прикажува суеверието на македонскиот човек здробен од турското ропство, но и неговиот бунт кон духовниот и физичкиот терор, изразен преку традицијата на вампирџиството и комитлукот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.