Теорија на хаосот
Автор:
Џонатан Раб
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
The overseer |
Бр. на страни:
554 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
/
Целта на теоријата на хаосот е да го истражи и да го објасни нерегуларното однесување, да го открие редот во нередот, логиката во нелогичните случувања. Бидете упорни за да го видите крајот!!! Најопасниот документ напишан во историјата на човештвото. Монахот Ајзенрајх (XVI век) е човекот кој го надминал Макијавели - генијот на политичката и државничката мисла. Тој измислил генијален план за светско владеење, толку опасен што Папата заповедал да го убијат. Но трудот на Ајзенрајх за „СОВРШЕНСТВОТО“ постои. Кога изрешетаното тело на младо девочје е пронајдено, а последните зборови пред смртта и се Ајзенрајх, се заклучува дека не само што документот е вистинит, туку и дека некој се обидува да го искористи историскиот документ за сопствени цели. Вака почнува и самата книга, со бегството на девојчето кое сепак не успева да побегне... Морничаво отсликување на девојчето кое пробува да побегне и да се избори за својот живот, но наместо тоа завршува мртво со една вистина на усните. Авторот Џонатан Раб завршил политички студии и политичка теорија на универзитетот „Колумбија“. Според престижниот „Њујорк тајмс“, Раб креира убедливо застрашувачко сценарио, кое го крева адреналинот. Светската критика му предвиде голем успех на овој роман, а за да ја кренат тензијата критичарите предупредуваат: „Внимавајте, сето ова може да е целосна вистина!“. Ова е приказна што се чита дома, на факултет, на работа па и на плажа, затоа што напнатоста не Ви дозволува да ја оставите до последната страница. Глобална, политичка конспирација која може да предизвика ужасни последици за модерниот свет.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.