Саман
Автор:
Ају Утами
Издавач:
Прозарт Паблишинг |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Saman |
Бр. на страни:
216 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
/
Саман е револуционерен индонезиски роман, во кој се прикажани животите на четири жени со слободни погледи кон сексуалноста и на поранешниот католички свештеник Саман, според кого е именувана книгата. Книгата на писателката Ају Утами е продадена во над 100.000 примероци и започна ново книжевно движење, што ги отвори вратите за тематски книжевни дела со фокус на сексуалноста, а напишани од млади Индонезиски жени. Саман експлицитно се занимава со сексуалноста како тема, табу за жени писатели во Индонезија во времето кога е објавена – 1998 г. Таа исто така пишува за натприродното и мистицизмот, но и за политиката. „Саман“ има добиено многу престижни награди и преведена е на повеќе јазици. Ају Утами е индонезиска писателка. Пишува романи, раскази и статии. Саман (1998) се смета за нејзино ремек-дело. Пишувајќи за секс и за политика, Утами покрена прашањата што порано во литературата им беа забранети на жените во Индонезија.
Questions and Answers
You are not logged in