Убиј го таткото

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Uccidi il padre | Бр. на страни: 518 | Димензии: 21 см | Корица: мека

Единствениот кој може да го запре е единствениот кој му има побегнато…

Данте Торе поминал единаесет години во заробеништво – затворен во бетонските ѕидови на силос од страна на човек познат само како Таткото. Но успеал да го надмудри киднаперот. Сега работи за полицијата во Рим и неговите методи се малку невообичаени, но неговата генијалност е очигледна.

Кога една жена е обезглавена во парк во околината на Рим, а нејзиниот шестгодишен син исчезнува, полицијата наоѓа лесно решение: го апсат сопругот на жената и чекаат негово признание. Но началникот на полицијата се сомнева дека работата е толку едноставна. Па намамува двајца врвни аналитичари, кои важат за едни од најспособните детективи во Италија, да помогнат во решавање на сложениот случај: бестрашната детективка Коломба Касели и Данте Торе. Торе мора да се соочи со демоните од минатото за да се обиде да го реши овој случај. Сите докази упатуваат на тоа дека Таткото повторно е активен по декади криење… и дека сака повторна средба со Данте.
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 520 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Убиј го таткото

Категории: ,
ИСБН: 978-608-260-108-3

1 оценка за Убиј го таткото

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан

    Данте и Коломба се едно незаборавно и несекојдневно дуо што потполно ме зароби, се чинат толку живи што лесно би помислиле дека станува збор за реални човечки суштества. Оваа книга ја прочитав со кнедла во грлото и со забрзан пулс, едноставно едвај се терав себеси да направам пауза, зашто е невозможно да прекинете со читањето. Изобилува со шокирачки пресврти, вознемирувачки сцени, мошне возбудливи случки и мрачна атмосфера. Ги голтав страниците и како што се доближував до крајот, имав чувство како јас да сум навлезен длабоко во мислите и постапките на главните јунаци. Одличен психолошки крими-трилер што дефинитивно ме измести, ме наежи, ме згрози и морам да кажам дека се најде во мојата топ 5 листа на прочитани трилери! Адреналински, брутален и оригинален, буквално ќе ви го одземе здивот
    Се надевам дека набрзо ќе бидат преведени и двете продолженија – Kill the Angel и Kill the King!

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in