ОбојОбојОбој

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: ОбојОбојОбој | Бр. на страни: 126 | Димензии: 140/200 | Корица: тврда

Во оваа збирка раскази запрвпат (колку што му е познато на авторот) се применува методот на Бјордан (Byordan) - техника за одредување просечно времетраење на едно книжевно дело (вредност дефинирана откако бил тестиран примерок од 37 случајно одбрани читатели во различни временски услови, расположенија, периоди од денот, местоположба, умор и исцрпеност од работни обврски или наспани и одморени разгалени студенти, влијанија од кофеин, алкохол или слични (стимуланси или отсуство од нив...).

Накусо: тоа е времетрањето потребно за едно книжевно дело (во овој случај - расказите) да се прочита во вообичаени, секојдневни околности.

Збирката раскази ОбојОбојОбој е дебитанстко прозно остварување на Јордан Николов - битолчанец, компарист, активен музичар и диск-џокеј.

Замислени како музички секвенции, расказите на Николов брзо прескокнуваат од една тема на друга, меѓутоа никогаш на начин на кој нешто ќе остане недокажано. Напротив, во манир на искусен раскажувач, Николов го исцрпува токму она што е потребно од наративниот објект и го претекува во ефективен наративен фрагмент.

Цена: 250 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product ОбојОбојОбој

Категорија:
ИСБН: 978-608-267-417-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “ОбојОбојОбој”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in