Невестата на змејот

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Невестата на змејот | Бр. на страни: 200 | Димензии: 145/205 | Корица: тврда

„Невестата на змејот“ од Влада Урошевиќ е, во суштината, приказна за херојот Денко и неговото патешествие од Горниот во Долниот свет за да ја спаси својата сестра Летка од канџите на змејот. Романот изобилува со најразлични мотиви од фолклорот на овие простори, но и од пошироката митска, па дури и алхемиска традиција. Баучи, наречници, змејови и песоглавци го населуваат светот на Горната земја, каде што се случува првата половина од приказната. Во вториот дел, грабнувањето на Летка го води Денко во Долната земја, односно во „нашиот“, „стварен“ свет.

Сепак, „романот бајка“ (како што гласи поднасловот) не е само тоа: станува збор за дело во кое народното творештво се преиспитува од современа, критичка дистанца, од книжевен и општествен аспект. Работите не се такви какви што изгледаат на прв поглед. „Невестата на змејот“ е роман што ќе ги задоволи вкусовите и на народното творештво и на современата книжевност, бидејќи во него, на учен и интересен начин, се испреплетуваат и двете – исто како што во приказната се судираат – и на момент се спојуваат – Горната и Долната земја.

Цена: 360 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Невестата на змејот

Категорија:
ИСБН: 978-608-267-363-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Невестата на змејот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in