Колибри

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Il Colibri | Бр. на страни: / | Димензии: 20 цм | Корица: мека

Меѓународната сензација број 1 од мајсторот на европската литература, Сандро Веронези – добитник на италијанската Premio Strega – е сага за едно фирентинско семејство од 1960-тите до денес. Марко Карера е јунакот во оваа семејна приказна, тој е „колибри“, човек со речиси натприродна способност да остане мирен во хаосот на светот кој постојано се менува. Иако неговиот живот е преполн со емоционални предизвици, Марко продолжува со благороден стоицизам кој го побива интензитетот на живеењето.

Како прекрасно и привлечно патување низ времето раскажано во голем број наративни стилови, „Колибри“ е приказна за страдањето, среќата, загубата, љубовта и надежта – за човекот кој го отелотворува тивкиот хероизам што го дефинира секојдневниот живот на безброј обични луѓе. Потенцирајќи ја потребата да се гледа во иднината со надеж и да се живее со интензитет до самиот крај, ремек-делото на Сандро Веронези – читливо, богато со знаења и исполнето со интересни пресврти и откритија – е портрет на човековото постоење, перипетиите и каприците кои нè поттикнуваат и на крајот нè дефинираат.

Цена: 450 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Колибри

Категории: ,
ИСБН: 978-608-261-080-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Колибри”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in