Без оправдувањa!
Автор:
Брајан Трејси
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
No excuses! |
Бр. на страни:
254 |
Димензии:
140 х 205
|
Корица:
мека
За да бидете успешни не е потребно да сте родени под среќна ѕвезда да бидете богати да имате идеални познанства и врски или специјални таленти. Единствено што ви е потребно е само- дисциплината. За жал повеќето луѓе или се движат по линија на помал отпор и/или сакаат моментално задоволство - не земајќи ги предвид долгорочните последици од сегашните акции.
Без оправдувања! покажува како да успеете на три главни полиња во вашиот живот:
1. Вашите лични цели
2. Вашите работни и финансиски цели.
3. Вашата севкупна среќа
Наместо да им завидувате на другите и да копнеете по животот што го имаат избраните „среќници“, престанете да наоѓате изговори и прочитајте ја оваа книга!Брајан Трејси е најпознатиот светски гуру за мотивација и продажба. Тој е претседател на Брајан Трејси интернешенал, компанија специјализирана за обука и развој на поединци и организации. Мисијата на Брајан Трејси е да ви помогне да ги достигнете личните и професионални цели побрзо и полесно одошто сте замислувале. Неговите говори и семинари за лидерство, продажба, мотивација, цели, стратегии и креативност ги слушале повеќе од 5 милиони луѓе и 10.000 компании во преку 50 земји ширум светот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.