Круна од перја
Автор:
Исак Башевис СИНГЕР
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
160 |
Димензии:
125X200
|
Корица:
/
Оваа збирка ни открива зрел автор кој до совршенство го совладал својот занает и кој се нурнува во времето во кое живее, време кое му овозможува да ги истакне вечните дилеми со кои се опседнати неговите ликови, па и тој самиот. Роб е фантастична приказна сместена во денешен Израел, за вдовица која одржува врска со починатиот сопруг и има волшебна моќ над еден сликар; Рачна торба е приказна за брзиот живот на еден писател изгубен во лавиринтите на малиот град во современа Америка; Бискуповата одора зборува за модерните мистични секти во Калифорнија; Дедо и внук ги отсликува револуционерните движења во царска Русија преку судирот на генерациите; Круна од перја е една од најубавите и најсложените приказни кои Сингер ги напишал, за злите духови и човековите стремежи за стекнување богатство - материјално и духовно - во која го воведува и самиот ѓавол. Но дури ни тој не може да одговори на клучното прашање „Каде е вистината?“ Вистината е дека нема вистина. Со други зборови, сè е можно. Сингер не прави разлика помеѓу светот на мртвите и на живите, светот на стварноста и на фантазијата. Сè е еден ист свет, сè е едно исто време. Тоа ги одредува, готово до крајни граници, сите постапки на неговите јунаци, а секој обид да се побегне од минатото завршува со неуспех.
2 оценки за Круна од перја
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Иво Митрушев (верификуван корисник) –