Помрачување
Автор:
Стефани Мајер
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Eclipse |
Бр. на страни:
460 |
Димензии:
14х20
|
Корица:
/
Бела? Тивкиот глас на Едвард доаѓаше однекаде зад мене. Се свртив и го видов како лесно скока низ скалилата на тремот, со косата разбушавена од трчање. Веднаш ме привлече во својата прегратка, како и порано на паркингот, и пак ме бакна.
Бакнежот ме исплаши. Имаше премногу напнатост, премногу нервоза во начинот на кој неговите усни се прилепија на моите - како да се плашеше дека ни останало уште малку време заедно.
Додека Сиетл е опустошен од низата мистериозни убиства а злобната вампирка продолжува со својата потрага за освета, Бела повторно запаѓа во опасност. Згора на сè, таа е приморана да бира помеѓу љубовта на Едвард и пријателството на Џејкоб - свесна дека нејзината одлука може да ја распламне вечната борба помеѓу вампирите и врколаците. Со брзото наближување на матурата, Бела мора да направи уште еден избор: животот или смртта. Но кое е што?
3 оценки за Помрачување
Questions and Answers
You are not logged in
Даниела Карастојанова (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
KOJ SAKA AVANTURI I NEVOZNOZNI NESTVARNI A POTREBNI CUSTVA NA ZADOVOLSTVO NEKA JA PROCITA
Anonymous (верификуван корисник) –