Рибја крв
Автор:
Јиржи Хајичек
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
305 |
Димензии:
205x135
|
Корица:
/
„Кога сеќавањето ќе го поплави вода, спомените имаат вкус на рибја крв,“ вели Хајичек. Историски, социјален, психолошки роман, семејна сага, или сето тоа само не „зелен роман“, во кој поранешната активистка Хана по петнаесет години минати во разни земји од светот се враќа во јужна Чешка заради соочување со најтесното семејство и со пријателите. „По четириесеттата е важно да се расчленат некои работи“, ќе рече главната хероина. Авторот во ретроспектива го опфаќа периодот 1983 – 1993 година кога неколку чешки села исчезнуваат поради нуклеарната електрана Темелин. Романот е обид да се одговори на прашањето: дали поединецот може против моќниците и против власта? Емотивната хумана приказна го следи распаѓањето на едно чешко семејство, делумно поради општествени околности. Рибја крв во суштина роман за копнежот по семејна блискост, љубов и разбирање.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.