За што зборуваме
Автор:
Митја Чандер
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2008
Оригинален наслов:
O čem govorimo |
Бр. на страни:
335 |
Димензии:
140x200
|
Корица:
/
[...] Од прозаистите кои се обидувам да ги соберам под заеднички покрив, секој одделно го артикулира својот уметнички одговор. Оваа книга е преглед на нивната куса проза од периодот по осамостојувањето на Република Словенија. Овој избор е сепак и генерациска книга. Во неа се вклучени автори родени околу 1960 година и подоцна. Помеѓу нив ги одбрав само оние коишто можат да се препознаат во неореалистичкиот контекст. Помладите автори најизразито ја развија оваа тенденција, затоа се решив за комбинација на генерацискиот и стилскиот аспект. Сметам дека тоа е почесно отколку обидот да се конструира некој стилски феномен со помош на класиците, ползувајќи ги за некаков алиби. Комбинацијата на генерацискиот и стилскиот аспект, нивната тесна испреплетеност, ја овозможува и доволно конкретната појдовна точка на антологијата. Имено, се чини дека феноменот, и покрај поранешната плуралност на младата проза, навистина никна дури по 1990 година, и тоа не како нејзиното логично туку повеќе како полемичко продолжување, оти на неореализмот му се приближија само некои истакнати претставници на младата проза. А на поинаков начин од младите прозаисти, на феноменот помасовно му се приближија нови автори и авторки коишто првите книги ги објавија дури во деведесеттите години на минатиот век и подоцна. Антологијава е, значи, генерациско-стилски конструкт што се темели врз сосема определена историска заднина. И за што – ако се прашаме авто-иронично – зборуваат писателите и писателките во оваа книга? Нека биде ова кусо претставување на нивните писма – и пред сè на некакви раскази-модели – предизвик за читање и размислување. Оваа проза е можеби лаконска, но никако наивна. Митја Чандер Од поговорот кон антологијата „За што зборуваме: словенечка куса проза, 1990-2004“
Оценки
Сѐ уште нема оценки.