Дувачот на стакло од Мурано
Автор:
Марина Фиорато
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
The glassblower of murano |
Бр. на страни:
260 |
Димензии:
140х205
|
Корица:
/
Сместен во современа Венеција и онаа во 17. век, романот на Марина Фиорато е прекрасна комбинација на историја, мистерија, уметност, музика, поезија, љубов и политика.
Семејството на Корадино Манин е брутално убиено од страна на Советот на десеттемина. Корадино е единствениот помилуван бидејќи неговиот заштитник во него ја препознава чудесната дарба за дување во стакло, умешност по која наскоро ќе се прочуе венецијанскиот остров Мурано а процесот на изработката ќе стане тајна што владата љубоморно ја чува. Корадино брзо учи да изработува извонредни стаклени огледала и канделабри и, кога добива покана да го примени својот талент на дворот на кралот Луј XIV, тој запаѓа во големо искушение. Овој возбудлив заплет е проткајан со втора, подеднакво возбудлива приказна за една друга Леонора, денешен потомок на Корадино. Леонора оди во Венеција за да избега од својот несреќен брак, да ја усоврши својата вештина на дување стакло и да дознае повеќе за својот мистериозен предок.
На шармантен и автентичен начин, Фиорато ја спојува историската мистерија со современа љубовна приказна во еден интригантен и возбудлив роман.
2 оценки за Дувачот на стакло од Мурано
Questions and Answers
You are not logged in
Radmila Stefanovska (верификуван корисник) –
Иво Митрушев (верификуван корисник) –