Исчезната без трага
Автор:
Шеви Стивенс
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
350 |
Димензии:
21х13
|
Корица:
мека
Едно топло летно утро, кога Ени - триесет и две годишна агентка за продажба на недвижнини - го напушта својот дом за да оди на презентација на куќа, таа има само три цели: да ја продаде истата куќа, да заборави на караницата со мајка ѝ од тоа утро и да стигне навреме за вечерата со нејзиното фино и трпеливо момче. Презентацијата на куќата не оди сјајно, па кога последниот посетител пристигнува баш кога Ени се подготвува да си замине, таа помислува дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне. Реалноста е далеку од тоа.
Половина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар. Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана. И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени...
Низ сесиите со психијатарот и во соработка со полицијата, Ени полека почнува да дознава некои работи, а ние - заедно со неа - почнуваме да се сомневаме буквално во секоја од нејзините најблиски личности.
Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици...
„Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена... Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика...“
24 оценки за Исчезната без трага
Questions and Answers
You are not logged in
Radmila Izmirlieva (верификуван корисник) –
Radmila Izmirlieva (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
izvonredno scenario za film.
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Се сложувам дека е идеална за филм – јака драма, емотивна, а крајот просто ме стаписа, ме остави со подотворена уста!
Илина Самарџиева (верификуван корисник) –
Книгата е.. немам зборови – крај што фрапира!
Elena Janevska (верификуван корисник) –
Јованка Нанеска (верификуван корисник) –
Книгата е – ја отвараш, читаш, ја затвараш.Се во еден здив.Не смееш да ја оставиш.Прекрасно сценарио за филм.Се надевам.Јованка
Елена Иванова (верификуван корисник) –
Irena Cvetkovska (верификуван корисник) –
mimoza ilijoska (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
ama ic ne me voodushevi 🙂
Кристина Златанова (верификуван корисник) –
Фасцинирана сум од книгава, не работев ништо друго во слободното време цели два дена додека не ја прочитав, толку мистериозна и со толку фрапантни откритија, едноставно не можев да дочекам да стигнам до крајот!
Даниела Карастојанова (верификуван корисник) –
nadica iloska (верификуван корисник) –
Kniga sto nema da mozete da ja ostavite! Fantasticna
Владимир Кољозов (верификуван корисник) –
Menka Krsteva (верификуван корисник) –
Трајче Витанов (верификуван корисник) –
Кристина Ризова (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Navistina e posebna i interesna do samiot kraj!
elena lazovska (верификуван корисник) –
Sonja Gjurevska (верификуван корисник) –
Специфична книга која не се заборава.