Исчезната без трага
Author:
Шеви Стивенс
Publisher:
Сакам Книги |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
/ |
Num. of pages:
350 |
Dimensions:
21х13
|
Cover:
мека
Едно топло летно утро, кога Ени - триесет и две годишна агентка за продажба на недвижнини - го напушта својот дом за да оди на презентација на куќа, таа има само три цели: да ја продаде истата куќа, да заборави на караницата со мајка ѝ од тоа утро и да стигне навреме за вечерата со нејзиното фино и трпеливо момче. Презентацијата на куќата не оди сјајно, па кога последниот посетител пристигнува баш кога Ени се подготвува да си замине, таа помислува дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне. Реалноста е далеку од тоа.
Половина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар. Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана. И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени...
Низ сесиите со психијатарот и во соработка со полицијата, Ени полека почнува да дознава некои работи, а ние - заедно со неа - почнуваме да се сомневаме буквално во секоја од нејзините најблиски личности.
Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици...
„Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена... Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика...“
24 reviews for Исчезната без трага
Questions and Answers
You are not logged in
Radmila Izmirlieva (verified owner) –
Radmila Izmirlieva (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
izvonredno scenario za film.
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Се сложувам дека е идеална за филм – јака драма, емотивна, а крајот просто ме стаписа, ме остави со подотворена уста!
Илина Самарџиева (verified owner) –
Книгата е.. немам зборови – крај што фрапира!
Elena Janevska (verified owner) –
Јованка Нанеска (verified owner) –
Книгата е – ја отвараш, читаш, ја затвараш.Се во еден здив.Не смееш да ја оставиш.Прекрасно сценарио за филм.Се надевам.Јованка
Елена Иванова (verified owner) –
Irena Cvetkovska (verified owner) –
mimoza ilijoska (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
ama ic ne me voodushevi 🙂
Кристина Златанова (verified owner) –
Фасцинирана сум од книгава, не работев ништо друго во слободното време цели два дена додека не ја прочитав, толку мистериозна и со толку фрапантни откритија, едноставно не можев да дочекам да стигнам до крајот!
Даниела Карастојанова (verified owner) –
nadica iloska (verified owner) –
Kniga sto nema da mozete da ja ostavite! Fantasticna
Владимир Кољозов (verified owner) –
Menka Krsteva (verified owner) –
Трајче Витанов (verified owner) –
Кристина Ризова (verified owner) –
Слаѓан Бишковски (verified owner) –
Navistina e posebna i interesna do samiot kraj!
elena lazovska (verified owner) –
Sonja Gjurevska (verified owner) –
Специфична книга која не се заборава.