Долгиот живот на Маријана Укрија

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: La lunga vita di Marianna Ucria | Бр. на страни: 286 | Димензии: 140х205 | Корица: мека

Долгиот живот на Маријана Укрија нè запознава со мрачната и полна со противречности клима во Сицилија при крајот на 18 век. Додека во Европа се слави Векот на просветителството, во Палермо и натаму има јавни бесења, извршување на смртни казни од инквизицијата, склучување брак од интерес со договор меѓу семејствата и насилни замонашувања. Задача на тамошната жена е да „се омажи, да раѓа деца, да ги омажи ќерките и тие да раѓаат деца и да ги омажат своите ќерки во имотни семејства“ и така во недоглед, сè со цел да се сочува потомството и меѓусебно да се поврзат големите и богатите палермиски семејства. И Маријана ја дели истата судбина како нејзините сестри и братучетки. Принудена е на само тринаесет години да се омажи за својот вујко, стар ерген, сè со цел да не се загуби неговиот имот. Но Маријана е поинаква, таа е глувонема, а токму од оваа инвалидност таа ќе ја црпи силата да се воздигне над затвореноста, ограниченоста и дволичноста што ја опкружува, да излезе од својот свет на тишина населен со звучни сеќавања, и како зрела жена да доживее вистинска, страсна љубов.

За овој роман, Дачија Мараини го доби престижното италијанско признание за литература, Премио Кампјело.

Цена: 299 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Долгиот живот на Маријана Укрија

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-004-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Долгиот живот на Маријана Укрија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in