Враќањето во Панџруд

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Возвращение в Панджруд | Бр. на страни: 416 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

„Симфонија на звуци и вкусови“, ,,Враќањето во Панџрурд'' е приказна за големиот поет Рудаки (858 – 941), еден од татковците на персиската поезија, кој, откако го губи статусот на султанов миленик и за казна е ослепен и избркан од палатата, воден од едно неуко момче – неговите „очи“ – тргнува на пат кон својот роден град Панџруд, каде набрзо и го испушта својот последен здив. Долгите и прашливи патишта на Персија вибрираат во дослух со нежните спомени на Рудаки, напоени со длабокоумни пораки за вистината и љубовта, но и извалкани од интриги и политички завери чиј сведок (а и непосреден учесник) неретко бил и самиот поет. И додека пред читателот синестетички и речиси кинематографски се анимира еден свет оддалечен со километри и векови, Враќањето во Панџруд полека прераснува во продолжена алегорија за начинот на кој може да се живее животот, за можноста постојано да се спознаваш и пронаоѓаш себеси.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 600 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Враќањето во Панџруд

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-077-5

Questions and Answers

You are not logged in