Амаруши

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Amaruši | Бр. на страни: 160 | Димензии: 20 | Корица: /

Ведрана Рудан е еден од најинтригантните гласови во современата хрватска литература, позната по своите контроверзни и смели ставови поврзани со горливите општествени прашања. Пишува концизно, остро, духовито, без влакна на јазикот.

Романот Амаруши е објавен во 2013 година. Насловот реферира на името на четиригодишното девојче преку чија перспектива се согледуваат сите дејствија во романот – „да се сака“ и „да се руши“. Овие два елементи – љубовта и уништувањето – се клучни за човечките односи и заплетот врз кои се основа романот.

Амаруши совршено се вклопува во опусот на Рудан, но е специфичен по тоа што целиот е напишан во дијалог, без описи и дидаскалии. Девојчето е еден вид катализатор на раскажаните настани, набљудувач на големиот свет исполнет со трагикомични односи, бизарни ситуации, горчлив цинизам и разновидни облици на човековата глупост.

Ја обожавам книжевноста сведена на елементарното. Не ги сакам книгите дебели како телефонски именици. Целиот човечки живот може да се собере во пет реченици. Гласови, гласови, гласови... Постојано слушаме гласови, луѓе кои си зборуваат себеси седејќи покрај друго човечко суштество, кое исто така си зборува себеси. Во животот нема дијалог. Тоа можеби сакав да го кажам во оваа книга.

Цена: 210 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Амаруши

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-430-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Амаруши”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in