Лебедот

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: The Swan | Бр. на страни: 144 | Димензии: 13x20 | Корица: /


Само на недела дена од појавувањето во продажба, искористете ја можноста први да ја добиете оваа книга со 20% попуст.


Магичната реалност топло влијае на оваа современа исландска сторија за деветгодишно девојче „што е уапсено заради крадење сендвичи од осум продавници“ и е испратено од својот град на село како казна поради своите дела, инаку типична исландска казна. Меланхоличното девојче патува до Флудасел, селце во кое луѓето се набљудуваат со телескопи. Семејството каде е сместена има и ќерка, која е трудна и штотуку вратена од факултет, како и помошник кој почнува своевидна врска со девојчето.

Местото не е селска идила: девојчето се исправува пред нови и болни чувства и мора да се бори со непознатото во себе и во непознатата околина. Постепено, покорувајќи се на неизбежните ограничувања и проблеми на кои наидува, открива свое парче слобода, исто како и лебедот.

Фатена помеѓу дамнешните традиции и новата технологија и доведена до возбудата што може да ја предизвика стравот, девојчето емпатира со животните на оваа фарма, особено со расните коњи по кои Исланд е познат, и најпосле ѝ се случува прочистување што ѝ помага да се помири со огромната безнадежност, главно својство на исландската нација. Контрастот што се развива во романот помеѓу гротескното и убавото, комичното и драматичното, добива неочекувана и моќна завршница.

Авторот Бергсон студирал во Шпанија, така што во својата татковина е познат како преведувач на Габриел Гарсија Маркес. Влијанието јасно се забележува во оваа ретко сензуална, идилична сказна.

 

Лебедот е добитник на националната Исландска книжевна награда во 1991 година.

 

„Ремек-дело на еден од најцелосните исландски романсиери и еден од водечките прозни иноватори.“

 

„Романот на Бергсон е поетски и вознемирувачки, со анонимни ликови, но поголеми од животот, кои започнуваат како стереотипи и еволуираат во вистински луѓе.“

Бони Џонстон

 

Гудбергур Бергсон (1932) е исландски писател. Студирал педагогија и шпанска книжевност. Во Исланд е познат како еден од најревносните преведувачи од шпански. Од 1961 до денес објавил 20 романи. Се закитил со Нордиската книжевна награда што ја доделува Шведската академија, инаку позната како „мал Нобел“.

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Лебедот

Категорија:
ИСБН: 9786084507635

2 оценки за Лебедот

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in