Врвна уметност
ЕДИНСТВЕНО ЧИТАТЕЛИТЕ НА КУПИКНИГА ИМААТ ШАНСА ПРВИ ДА ГО ДОБИЈАТ ПРЕКРАСНИОТ ТРИЛЕР.
Романот Врвна уметност е поглед кон подземјето на урбаното општество на Рио де Женеиро, Бразил. Еден адвокат е ангажиран за случај на убиство на две проституки. Во својата истрага открива садизам, криумчарење на кокаин, сериски убиства, мафијашки пресметки.
Потрагата тргнува од буквата П со нож испишана на лицето на убиената проститутка. Нема отисоци, сведоци, нема докази. Само ракописот на убиецот. За да го дешифрира, адвокатот Мандрагора, еден од најважните ликови на современата книжевност, влегува во фанатична авантура низ мрачната страна на метрополата, додека ножевите тивко и смртоносно се подаваат од рака во рака.
Врвна уметност со месеци се наоѓала на врвот на листата на бестселери во Бразил. Критиката, која со најголеми епитети се искажувала за авторот Рубен Фонсека, на голема врата го пречека романот, во Бразил и надвор од него. Според Врвна уметност е снимен истиомениот филм на Валтер Салес во 1991 година и обилно прикажува насилство, поврзувајќи трилер и психологија. Ликовите се ерудити кои говорат за митологија, шах, вино, употреба на ножеви и правни цитати на англиски и латински.
„Убиството на две проститутки во Рио да Жанеиро, најпрво изгледа како дело на сексуален манијак, но подоцна ја отвора Пандорината кутија. Приказната се одвива во интимни кафулиња и мрачни барови, во раскошни куќи во Рио и во селата на границата меѓу Боливија и Бразил, полни кокаин и криминал. Приказната е како бескрајно патување со воз кој ја минува речиси цела држава, и тоа во вагон за спиење каде горниот кревет натежнува од двојките кои имаат секс.“
Марио Варгас Љоса
Рубен Фонсека (1925) е бразилски писател. Кариерата ја почнал како обичен полицаец кој потоа станал висок полициски комесар. Фонсека не дава интервјуа, исто како и неговиот американски пријател, Томас Пинчон. Книгите му се полни насилство и секс, и ги сметаат за револуционерни во бразилската литература. Неговите книги се сметаат револуционерни во бразилската литература. Речиси сите современи бразилски писатели ја истакнуваат важност на Фонсека. Во 2003 година ја добива наградата Камоеш, која се смета за најголема награда за автори кои пишуваат на португалски јазик. Самиот кажал дека писателот треба да има храброст да го прикаже она од кое повеќето луѓе се плашат.
3 оценки за Врвна уметност
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –