Троглодитни тинејџери

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Les Adolescents troglodytes | Бр. на страни: 160 | Димензии: 13x21 | Корица: мека

Емануела Пагано едноставно и нежно раскажува една исклучителна животна приказна. Храбар роман, поетски и возбудлив, роман кој ја враќа надежта. Адела е главниот лик во романот, која е родена во тело на маж, но подоцна се подведува на операција за промена на полот. Во близина на нејзиното гратче има две езера. Првото е вештачко и под него лежи имотот каде што таа е родена и каде го поминала своето детство, со родителите и со братот Аксел. Второто е природно, вулканско езеро, каде често пати оди да го помине своето време. Како што постојат верзии од исто нешто во природата, така и во човекот се кријат повеќе лица. Адела се враќа во родното место, каде ја ангажираат како возач на училишниот автобус. За учениците претставува вистинска мистерија која имаат желба да ја разоткријат. Прашањето е дали ќе можат?   „Романот на Пагано не е далеку од тоа да се смета за ремек-дело, нурнувајќи се во срцето на женственоста, душата на детството и во убавините на снегот.“ Л Матрикул де Анж   „Со овој роман, Емануела Пагано, впливува во во сентименталните проблеми, одгатнувајќи го постојаниот дуел меѓу апсолутната љубов и недоразбирањето... Како да имала потреба да го заштити читателот, или своите личности, кои се чувствителни, ранети. Веќе од првите страници имаме чувство дека се наоѓаме во некоја road-story во француски стил.“ Телерама   „Романот на Емануела Пагано, се фокусира на потрагата по идентитетот, на хармонијата во светот. Троглодитни тинејџери се развива во една, како од памук, воздушеста средина. Природата во романот игра клучна улога. Деликатните зборови на Пагано го прават романот возбудлив. Студи. Трепериме. Возбудени сме, особено во допир со виртуозниот јазик на авторката. На моменти груб, како климата, без отстапки, но и поетски избрусен.“ Соар   Романот Троглодитни тинејџери е добитник на Европската награда за литература во 2009 година.   Емануела Пагано е совремна писателка од Јужна Франција, родена 1969 година. Дипломирала филм и мултимедијални уметности, а магистрирала историја и цивилизација. Голем дел од нејзините романи, во кои главна тема на преокупација ѝ е детството, се наградувани.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Троглодитни тинејџери

Категорија:
ИСБН: 978-608-4507-36-9

Questions and Answers

You are not logged in