10 состаноци наслепо
Автор:
Ешли Елстон
Издавач:
Просветно дело |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
10 состаноци наслепо |
Бр. на страни:
344 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
мека
Дали би дозволиле вашето семејство да изигрува стројник за да ви помогне да преболите скршено срце? „10 состаноци наслепо“ од Ешли Елстон е совршено божиќно задоволство: прекрасна, пријатна, забавна романса за тинејџери и возрасни која ќе ви овозможи за момент да избегате од реалноста. Софи сака само една работа за Божиќ – да го помине слободното време со своето момче Грифин. Па така, кога ќе дознае дека нејзините родители планираат патување за да ја посетат сестра ѝ за време на празникот, Софи ги преколнува да остане со баба ѝ и дедо ѝ и со своето вревливо пошироко семејство. Но, Грифин ѝ раскинува... и таа е уништена. Баба ѝ на Софи мрази да ја гледа толку разочарана, па смислува (не толку) брилијантен план да ѝ го одвлече вниманието за да не биде толку тажна. Во текот на следните десет дена, различни членови на семејството ќе ѝ организираат на Софи десет состаноци наслепо, што звучи навистина непријатно. . . Кога Грифин неочекувано ќе се појави, барајќи втора шанса, Софи ќе биде збунета повеќе од кога било претходно... затоа што можеби, само можеби, во меѓувреме почнала да чувствува нешто кон некој друг. Некој кој дефинитивно не е достапен.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.