18% сиво
Автор:
Захари Карабашлиев
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
18% сиво |
Бр. на страни:
272 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
/
Потресен од ненадејното заминување на неговата сопруга, Зак се обидува да ја удави тагата во Мексико, а потоа се враќа во САД со украдена марихуана. Користејќи го ова како повод да го смени својот живот, тргнува кон Њујорк со „ганџата“ и со стар „никон“. Низ објективот на фотоапаратот, почнува да се открива себеси, фотографирајќи ја темната страна на Америка. Неговото патување води низ серија настани опасни за животот, прошарани со сеќавањата на неговиот однос со Стела и со животот во Бугарија од крајот на 1980-тите. Книгата има 10 изданија во Бугарија и ја добива наградата „Вик“ за роман на годината. „Карабашлиев е динамичен, остроумен и изобилува со детски хумор во својата перспектива на Бугарин што го живее едноличниот американски сон“. Паблишерс викли „Карабашлиев пишува бестрашно и прекрасно. Oд 18% сиво нема да го тргнете погледот“. Маја Слоун
Questions and Answers
You are not logged in