40%
19.
Автор:
Верица Ацеска
Издавач:
/ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
19. |
Бр. на страни:
84 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
мека
Романот „19.“ е своевидна љубовна исповед за една напуштена жена, кажана на нешаблонски раскажувачки начин, живо, духовито и читливо. Авторката Ацеска умее да го држи интересот на читателот земајќи ја градбата за своето дело од нашата препознатлива современост, со ситуации, разговори и ликови што се случуваат околу нас, во нашата сегашност - ќе запише проф. д-р Алексaндар Прокопиев. Ништо не е едноставно во оваа навидум едноставна разговорлива, високо фреквентна книга во која едноставното и очигледното го кријат длабокото и недостижното. Сите делови, сите хибридни приказни (од есеј до расказ, од прозна матрица до драмска ситуација) си играат со едноставното и го предизвикуваат читателот заедно да ги откријат сите потзаскриени, намерно и директно, парчиња литературно богатство што кога ќе се откријат ве прават уште повеќе да ја сакате книгава и уште еднаш да ја препрочитате - проф. д-р Ана Стојаноска.
Questions and Answers
You are not logged in