3Д текстилни засилувачи во композитни материјали
Овие засилувачи се добиваат со примена на високи текстилни технологии за производство на претформи од влакна. Опишани се производствените процеси со истакнување на предностите и за идентификување на главните примени. Анализирани се методите за предвидување на механичките својства што треба да се добијат и клучните технички аспекти на тродимензионалните засилувачи. Сето ова му овозможува на читателот да ги истражи главните особини на ламинираните композитни материјали и да ги надмине евентуалните мани што може да се појават.
Антонио Миравете е професор на Универзитетот во Сарагоса, Шпанија. Член е на Одборот советници на списанијата за композитни структури, применети композитни материјали и механика на композитните материјали и структури.
Негова цел во книгата е фокусирање на текстилните технологии што користат композитни материјали зајакнати со 3Д-текстилни структури. Покрај општите анализи, дадени се и специфичностите од транспортната индустрија и импрегнација со смола.
По читањето на целиот текст може слободно да се каже дека се добива инспирација за уште подлабоки истражувања во насока на текстилните претформи, микромеханичкото и макромеханичкото моделирање, самите производни процеси и карактеризацијата на композитните материјали.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
N/A
1 оценка за 3Д текстилни засилувачи во композитни материјали
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –