Ајванхо

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Ivanhoe | Бр. на страни: 536 | Димензии: 20 | Корица: /

Романот Ајванхо од шкотскиот писател, драматург и поет, сер Вaлтер Скот, претставува репрезентативен пример за историска фикција. Дејството на романот, објавен во 1819 година, е сместено на крајот од XII век.

Во Ајванхо Скот се фокусира на важен момент од британската историја, поврзан со етногенезата на британската нација и оформувањето на англискиот литературен јазик. Авторот умешно го презентира сето ова, фокусирајќи се на етничкиот судир меѓу Саксонците и Норманите, во моментот кога англиското благородништво во најголем дел го сочинуваат Норманите, што значи дека саксонското благородништво веќе ја има изгубено моќта и полека исчезнува од фокусот на политичката и општествената сцена.

Скот го негува култот типичен за добата на романтизмот, кој се фокусира на поединецот и на идеалот за херојството и витештвото. Како бунтовник и херој, поединецот е тој што се бори против општеството за да ги одбрани луѓето кои се неправедно обвинети и да ја спроведе правдата. Токму таков јунак е Ајванхо, кој учествува во витешка борба за да ја спаси својата исцелителка Ребека.

Цена: 500 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Ајванхо

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-475-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ајванхо”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in