Ананка
Автор:
Јусуф Сулејман
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Ананка |
Бр. на страни:
240 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
/
Животот и судбината на Ананка започнуваат со вознесот на животот и заветот за вечна љубов. Тоа е живот што се одвива во егзил и во постојан судир на злото со пацифизмот. Животот на ликовите од романот АНАНКА е реална приказна од животот на Ромите од Топаана, една од најстарите населби во Скопје, во која со векови живеат во заедница многу етникуми. Топаана е олицетворение на космополитизмот. Ананка го доживува виорот на војната без својот љубен, кој е југословенски кралски војник, заробен, и кој останува во воено, а потоа уште неколку години и во морално-духовно доброволно заробеништво во Германија.Ананка молчешкум го продолжува својот живот, но таа е свесна, достоинствена, трпелива и нема да дозволи повторување на семејната трагедија, а со тоа и на историјата на Македонија. Таа оди да го избави својот внук од побунетиот Сплит, во време на распадот на СФРЈ.Овој роман не зборува за асоцијалните проблеми на Ромите, туку за Роми што живеат во Македонија, за изворниот бит на Ромите и за нивната поврзаност со човештвото, со космосот и со вечноста.
Questions and Answers
You are not logged in