Ананка

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Ананка | Num. of pages: 240 | Dimensions: 13x20 | Cover: /

Животот и судбината на Ананка започнуваат со вознесот на животот и заветот за вечна љубов. Тоа е живот што се одвива во егзил и во постојан судир на злото со пацифизмот. Животот на ликовите од романот АНАНКА е реална приказна од животот на Ромите од Топаана, една од најстарите населби во Скопје, во која со векови живеат во заедница многу  етникуми. Топаана е олицетворение на космополитизмот. Ананка го доживува виорот на војната без својот љубен, кој е југословенски кралски војник, заробен, и кој останува во воено, а потоа уште неколку години и во морално-духовно доброволно заробеништво во Германија.Ананка молчешкум го продолжува својот живот, но таа е свесна, достоинствена, трпелива  и нема да дозволи повторување на семејната трагедија, а со тоа и на историјата на Македонија. Таа оди да го избави својот внук од побунетиот Сплит, во време на распадот на СФРЈ.Овој роман не зборува за асоцијалните проблеми на Ромите, туку за Роми што живеат во Македонија, за изворниот бит на Ромите и за нивната поврзаност со човештвото, со космосот и со вечноста.
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 300 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Ананка

Category:
SKU: 978-608-243-214-4

Questions and Answers

You are not logged in