Атомска станица
Кога Американците се нудат да купат земјиште во Исланд за да изградат воздухопловна база за НАТО по Втората светска војна, низ целата земја почнуваат протести. Овој конфликт Лакснес го користи како катализатор на својата воодушевувачка и моќна сатира. Раскажан од селанка од северот, романот произлегува од нејзините искуства како куќна помошничка во домот на еден пратеник...
Остроумна и трогателна сатира на политиката и политичарите, комунистите и на антикомунистите, на лажните културни непријатели, големите бизниси и на сите тврдења за авторство. Ремек-делото на Лакснес, како коментар на општеството, е еднакво релевантно денес како и во времето кога е напишано во 1948 година. Во 1955 година Лакснес ја добил Нобеловата награда за литература.
„Атомска станица е исклучителна книга, која изобилува со мали мудрости, смешни епизоди, остри реченици... и со решителен оптимизам на духот“.
Тајмс
„Лакснес е гениј“.
Њујорк ривју оф букс
2 оценки за Атомска станица
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
в в (верификуван корисник) –